ЛДП ќе бира нов партиски претседател

од Vladimir Zorba

Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!”, Либерално-демократска партија (ЛДП) утре во Скопје ќе го одржи 8. конгрес на кој ќе се бира новиот партиски претседател.

На конгресот закажан за 12:00 часот, покрај делегатите, ќе присуствуваат и претставници на политичките партии од земјава и соработници, како и интернационалните гости и поддржувачи на ЛДП.

Како што информира ЛДП, свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова, а предвидени се и обраќања на Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги членка, на движењето „Напред!” пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална Интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските Либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.

Слични содржини