ЛДП бара промена на украинските топоними: „Ова се поврзува и со одбраната на македонскиот идентитет“

од Nikola Popovski

Среќна сум што ја разбранувавме јавноста во однос на поднесената иницијатива за промена на украинските термини. Лавината по социјалните мрежи во однос на топонимите е добар сигнал поради тоа што некако ми дава надеж дека народот е подготвен за промени и можеби е спремен за различно размилување. Би рекла дека понатаму би се обиделе да го инфилтрираме во партиските органи, вели Татјана Гацова од Централниот одбор на ЛДП во емисијата „Студио 10“.

Таа истакна дека „иницијативата е за колоквиалните топоними кои се со македонска транслитерација, но употребата да биде и институционална“.

-Ова би бил добар потег за поддршка на украинскиот народ во овој период и би го поврзала со одбраната на македонскиот идентитет. Јазикот е жива материја. И во македонскиот јазик имате зборови кои почнуваат со „ѕ“ како ѕид, а говорно полесно ни е да кажеме „зид“. Потоа случајот и со зборот „обѕир“. Јазикот треба да се менува, смета Гацова.

Таа порача дека „не ѝ се допаѓаат реакциите дека ова е единствена заложба на ЛДП“.

Пред неколку дена ЛДП поднесе иницијатива за донесување Одлука на Владата за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик, со нивна транслитерација на македонски јазик.

Целта на иницијативата која е поднесена под водство на Емил Кирјас и потпретседателката на партијата Моника Зајкова е сите одлуки да се донесат пред преземањето на претседателството на ОБСЕ од страна на Р.С. Македонија на 01 јануари 2023 година.

Слични содржини