ЛДП на локалните избори настапува во граѓанска коалиција од центарот

од Vladimir Zorba

Централниот одбор на Либерално-демократската партија на вчерашната седница донесе конечна одлука на следните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција која ќе ја сочинуваат неколку партии и бројни граѓански активисти.

– Центарот како проевропска опција е важна за граѓаните, особено на локално ниво да се креираат локалните политики и да се обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој, рече Горан Милевски, претседател на партијата.

Тој за време на десеттата седница во хотел Олгица во Охрид, ги информира членовите за подготовките на ЛДП, за претстојните локални избори и преговорите со другите партии со сродни политички програми, како и граѓански организации и непартиски активисти.

– Како што покажавме и досега и понатаму ќе имаме отворен и транспарентен пристап на информирање во јавноста и очекуваме да има што помал број на лажни вести, рече потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

ЛДП на седницата го формира и Централниот изборен штаб кој ќе го води потпретседателот на ЛДП, Игор Вељаноски.

– Избоорниот штаб започнува со работа од понеделник кој ќе биде отворен за граѓаните кои може да го кажат своето мислење и да даваат предлози за понатамошните локални политики. Нашите тимови ќе одговорат на сите барања на граѓаните, додаде Вељаноски.

Слични содржини