ЛДП со декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

од Берта Китинска

Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски за денеска најави посебна седница на која се надева дека парламентарните партии ќе се усогласат Собранието да донесе декларација за Украина која е предлог на Либерално демократската партија.

ЛДП испрати Декларација до Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

– Најостро осудувајќи го „безобѕирниот” руски напад врз Украина, како чин на агресија кој што го доведува животот на безброј цивили во опасност и во насока на поголема и посилна европска интеграција, заштита на европскиот и светскиот правен поредок заснован на Повелбата на ОН, Завршниот акт од Хелсински и другите европски безбедносни и демократски институции. Свесни дека мирот и взаемниот соживот е единствениот начин да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството, апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО, се вели во Декларацијата.

Според пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова 24 февруари ќе остане запаметен како мрачен ден за цела Европа.

Според Зајкова, во Декларацијата стои дека согласно одредбите на Уставот на Република Северна Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на “намерата да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот.

Со Декларацијата се предвидува дека рускиот напад врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право кој што не може да се оправда со ништо, велат од партијата, додавајќи:

-Земајќи го во предвид ставот на Русија да ја дефокусира или оддалечи прозападната политика на Украина во близина на границите на Русија, да се укаже дека претставува мешање во водењето на внатрешната политика на Украина.

Слични содржини