Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА, откако на натпреварот против Оклахома го собори рекордот на Карим Абдул Џабар.

Џејмс утринава постигна 38 поени во поразот на ЛА Лејкерс од Оклахома.

Во НБА лигата постигна вкупно 38.390 поени.

Џејмс го претекна Карим Абдул Џабар, кој постигна 38.387 поени, на листата на најдобри стрелци во НБА на сите времиња.

Слични содржини