Леброн Џејмс се крена против Трамп: „Ова е поврзано со него“

од Stefanija Kuzmanovska

Живееме во две Америка, истакна Леброн Џејмс, коментирајќи ги хаотичните сцени што се случија во средата кога приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот за да спречат потврда на изборната победа на неговиот наследник Џо Бајден.

Стотици приврзаници на Трамп упаднаа во американскиот Капитол во средата да се обидат да го поништат неговиот изборен пораз. Во немирите загинаа четири лица, а 52 беа уапсени. Откако ситуацијата се смири, Конгресот ја потврди победата на Бајден на претседателските избори во САД со објавување на неговата инаугурација на 20 јануари.

„Живееме во две Америки“, рече една од најголемите ѕвезди на НБА лигата.

„Ова што се случи во средата е одличен пример. Сите знаеме што ќе се случеше ако некој од моите се приближеше до Капитол, а камоли да упадне во канцелариите, во ходниците“, додаде играчот на ЛА Лејкерс.

Џејмс е жесток критичар на Трамп и често зборуваше против расната нееднаквост, особено по смртта на Џорџ Флојд.

„Сè ова што се случи е директно поврзано со претседателот, со неговите постапки, убедувања и желби. Гледавме твитови на целиот пат до ова уништување“, додаде тој.

Слични содржини