Леброн Џејмс се враќа во Лос Анџелес за да го лекува левото колено

од Vladimir Zorba

Водечкиот стрелец на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс се врати дома за да го продолжи лекувањето на повреденото лево колено, изјави тренерот на Лејкерс, Френк Фогел пред натпреварот со Атланта Хокс.

37-годишниот Џејмс има отечено колено, но според Вогел проблемот не е сериозен и крилниот напаѓач наскоро ќе се врати во игра.

Џејмс поради повредата ги пропушти и гостувањата кај Филаделфија 76ерс и Шарлот Хорнетс во кои тимот забележа порази.

Леброн Џејмс, 18-кратен ол-стар играч, оваа сезона има 29,1 поен, 7,7 скока и 6,3 асистенции по натпревар.

Слични содржини