Леброн и Смит повторно заедно

од Stefanija Kuzmanovska

Џеј Ар Смит е нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.


Смит доаѓа како замена за Ејвори Бредли, кој нема да игра во Орландо кога сезоната ќе продолжи.

Џеј Ар ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Искусниот дефанзивец веќе соработуваше со Леброн Џејмс во Кливленд Кавалирс и заедно го освоија шампионскиот прстен во 2016 година.

Тој е познат по добриот удар за три поени, но и по контроверзното однесување на и надвор од теренот.

Покрај Кавс, тој играше и за Денвер Нагетс, Њу Орлеанс Хорнетс и Њујорк Никс.

Слични содржини