ЛЕБРОН ПИШУВА ИСТОРИЈА: „Кралот“ го престигна Абдул-Џабар

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс влезе во историјата како најефикасен играч во НБА лигата.

Во поразот на „езерџиите“ од Голден Стејт, Леброн собори рекорд стар над триесет години. Тој со тројка го престигна Карим Абдул-Џабар во третата четвртина и сега има најмногу поени во историјата на НБА лигата.

Натпреварот го заврши со 26 поени, 14 скока и осум асистенции.

Топ 5 листа на најефикасни кошаркари во историјата на НБА:

1. Леброн Џејмс 44.157 поени

2. Карим Абдул-Џабар 44.149

3. Карл Мелоун 41.689

4. Коби Брајант 39.283

5. Мајкл Џордан 38.279

Слични содржини