Леброн плаќа затвореници да гласаат за противкандидатот на Трамп?

од Nikola Popovski

Додека се обидува да ги прескокне Денвер Нагетс на патот до финалето во НБА со моќниот тим со кој располага, Леброн Џејмс продолжува да шокира со однесувањето надвор од теренот.

Ѕвездата на Лејкерси неодамна се залагаше за идејата за суспензија на НБА лигата, наводно со знак на поддршка за движењето „Black lives matter“, а исто така е многу активен во кампањата „Гласај“ пред претстојните претседателски избори во САД.

Џејмс учествувал во кампањата на Хилари Клинтон, тогашниот кандидат на Демократската партија, пред четири години, која бепе изненадувачки поразена од Доналд Трамп, ексцентричен милијардер и претставник на републиканците.

Во пресрет на новите избори, Леброн отишол чекор понатаму, пружајќи силна поддршка на демократскиот кандидат Џо Бајден, редовно давајќи негативни коментари за Доналд Трамп.

Американските медиуми откриле дека осудени криминалци добивале пораки од Џејмс и организацијата наречена „Florida Rights Restoration“ кои имаат намера да им ги платат нивните казни за да можат да гласаат.

Пораките биле испраќани до лица кои биле во роднинска врска или биле блиски со осудените лица.

„Здраво, јас сум од Коалицијата за враќање на правата во Флорида. Ние се здруживме со Леброн Џејмс со намера да ги срушиме бариерите за луѓето кои гласаат со пресуди. Дали познавате некој на кој треба да му се плати парична казна за да може да гласа?“, гласела една од пораките.

Уште во јуни, Џејмс ја организирал групата „Повеќе од глас“ со цел „да се бори против спречувањето на црнците и малцинствата да гласаат“.

Слични содржини