Леброн по елиминацијата: Не се опоравив целосно

од Stefanija Kuzmanovska

За прв пат во својата голема НБА кариера, Леброн Џејмс потфрли во првото коло од плејофот – неговиот Лос Анџелес Лејкерс, минатогодишниот шампион, беше елиминиран од Феникс Санс со резултат 4: 2 во победи. По натпреварот, 36-годишниот кошаркар зборуваше за причините за поразот и ја истакна неговата физичка неподготвеност, но и го пофали Девин Букер.

Феникс Санс триумфираа во првата сезона во плејофот од 2010 година, а сега ги исфрли Лејкерси на шестиот натпревар од серијата со резултат 113: 100.

„Не сакам да одмарам во текот на сезоната, но ако тоа влијае на мојот учинок во плејофот, тогаш го поддржувам тоа. Како што минуваат годините, единствено што ме мачи е глуждот. Ако имав повеќе време целосно да се опоравам во текот на сезоната, ќе беше подобро. Оваа сезона не можев да се вратам на нивото на кое бев пред повредата“, рече Леброн.

„Жал ми е што не успеавме, но сакам овој тим повторно да се собере и да се обидеме повторно. Сите сме посветени, но мислам дека овие 18 месеци беа многу тешки за нас“, заклучи тој.

Во следната серија Санс за противник ќе ги имаат Денвер Нагетс, кој го елиминираше Портланд.

Слични содржини