Леброн сака да купи тим во Лас Вегас

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека има голема желба да стане сопственик на тим кој ќе биде стациониран во Лас Вегас.

Во една од епизодите во неговото шоу „Aninterapted“, Џејмс изјави дека знае кој е следниот голем чекор во неговиот живот.

„Сакам да поседувам тим. Дефинитивно сакам да купам тим. Сакам да купам тим во Лас Вегас”, изјави Џејмс.

Интересно, неодамна НБА размислуваше да ја прошири листата на тимови за уште два, а дека главни кандидати за новите НБА тимови се Лас Вегас и Сиетл.

Според листата на „Форбс“, Леброн Џејмс стана првиот активен играч во историјата на НБА лигата кој станал милијардер и само вториот кошаркар во историјата по Мајкл Џордан кој успеал на тој план.

Слични содржини