Леброн се разигра на „Супербол“: „Најдобро шоу во историјата“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Синоќешниот „Супербол LVI“ собра голем број ѕвезди од сите делови на забавната индустрија, а еден од најголемите беше Леброн Џејмс, кој накратко се врати во градот каде што е роден и каде што играше за Кавалирс 11 години.

Кошаркарската суперѕвезда го следеше натпреварот од ложата и беше задоволен од победата на Л.А. Рамс над Синсинати Бенгалс (23:20), и поради тоа што е клуб од градот во кој моментално настапува, и поради неговиот пријател Одел Бекам Џуниор, кој пред повреда на коленото, го постигна првиот тачдаун на натпреварот.

Покрај играта и исходот, Леброн Џејмс беше воодушевен и од музичкото шоу на полувремето, во кое настапија најголемите хип-хоп ѕвезди на денешницата како Еминем, Снуп Дог, Др. Дре, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар.

Во неколку наврати беше снимен како се движи во ритамот на звуците од сцената, а задоволството не го криеше и на социјалните мрежи каде шоуто на полувремето го оцени како најдобро во историјата.

Секако, неговата појава ги привлече и обичните обожаватели, па еден од нив го замоли да ја поздрави мајка му со која штотуку разговарал преку FaceTime, што Џејмс го направи.

Слични содржини