Леброн води во гласањето за Ол-стар натпреварот во НБА

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е лидер во гласањето на навивачите за НБА Ол-стар натпреварот. Остануваат уште два дена до крајот на гласањето.

Џејмс има 6,8 милиони гласови, а зад него е Стивен Кари од Голден Стејт Вориорс со нешто повеќе од 6 милиони.

Леброн, 17-кратен учесник во натпреварот, има солидна предност пред третопласираниот Никола Јокиќ од Денвер Нагетс (4,1 милиони гласови) во гласачките ливчиња за играчите од Западната конференција.

Предводник во Источната конференција е Кевин Дурент од Бруклин Нетс (5,5 милиони), а по него е Јанис Адетокунмпо од Милвоки Бакс (5,1 милиони).

Ол-стар натпреварот треба да се одржи на 20 февруари во Кливленд, каде Леброн Џејмс играше за родниот Кавалирс 11 сезони.

Слични содржини