Леброн: Зошто протестираме? Уморни сме од ваквиот третман (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс го искористи својот официјален профил на Твитер за да укаже на нееднаквостите во американското општество.

Пред два дена, Џејмс му одговори на Дру Брис, еден од најдобрите квотербекови во историјата на НФЛ, кој рече дека не може да разбере луѓе кои клекнуваат кога ќе се слушне американската химна.

Леброн рече дека воопшто не станува збор за непочитување, туку за поширока слика, односно за понижување на Афроамериканците.

Медиумите ги објавија зборовите на Брис, а телевизијата Фокс, која беше блиска до Доналд Трамп, реши да го одбрани квотербекот.

Интересно е што тоа го стори Лора Инграм, жена која пред неколку години го критикуваше Леброн за искажување став што не е поврзан со кошарката. Нејзиниот коментар во тоа време беше: „Замолчи и играј кошарка. Не се мешај во она што не го знаеш“.

Сепак, овој пат Лора не го кажа истото за Брис, но истакна дека тој има право на мислење и дека нема ништо лошо во тоа што го кажал.

„Еве, ако сè уште не знаете зошто протестираме. Причината зошто се однесуваме како што правиме е затоа што едноставно сме уморни од овој вид на третман овде (во клипот). Може ли да биде поедноставно од ова?“, напиша Џејмс како одговор на зборовите на новинарката Фокс.

Слични содржини