Леден бран во Тексас: Бајден прогласи состојба на катастрофа

од Берта Китинска

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во Тексас, кој претрпе сериозни нарушувања во снабдувањето со електрична енергија и вода поради смртоносниот леден бран, објави Федералната агенција за управување со вонредни состојби.

Сите електрични централи во Тексас беа во функција, иако во петокот над 195.000 домови сè уште беа без струја, а жителите на 160 од 254 окрузи на Тексас имаа проблеми со снабдувањето со вода.

Милиони жители на таа сојузна држава, најголемиот американски производител на нафта и гас, се соочија со прекини на електричната енергија, а скоро половина од жителите на Тексас во петокот, исто така, се соочија со нарушувања во снабдувањето со вода.

Повеќе од дваесет смртни случаи се припишуваат на ледениот бран.

По потегот на Бајден, на Тексас му стојат на располагање федерални средства, вклучително и помош за привремено сместување и поправки на куќи, како и поевтини заеми.

Бајден размислува и за патување во Тексас за да увери како сојузната влада реагира на првата криза откако тој ја презеде функцијата пред еден месец.

Белата куќа тесно соработува со гувернерот на Тексас, Грег Абот, републиканец, кој првично не ја призна победата на Бајден на претседателските избори во ноември.

Сите електрични централи во Тексас беа повторно во функција, иако повеќе од 195.000 домови во петокот сè уште беа без струја, а жителите на 160 од 254 окрузи на Тексас имаа проблеми со снабдувањето со вода, според Комисијата за квалитет на животната средина во Тексас.

Слични содржини