Лефков: Ескалираат клиентелизмот и корупцијата во правосудството

од Nikola Popovski

Судството и обвинителството во Македонија се  урнисани, или со речникот на Зоран Заев тие се отворени како пупка. Последните примери со судските и обвинителските состојби покажуваат дека таму кај што застана Заев, продолжува и Ковачевски, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, клиентелизмот и корупцијата во правосудството ескалираат и затоа недовербата во овие институции е 92%.

-Наместо борба со криминалот, гледаме борба која институција ќе го заштити и ќе биде патрон на криминалот. Целта е јасна, го заробија правосудството за да може непречено да тече криминалот на функционерите на власта, рече меѓу другото Лефков на прес-конференција.

Слични содржини