Легенда: Федерер стана најстариот број 1 во историјата на тенисот

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер, рекордер по освоени Гренд слем титули, забележа нов неверојатен успех во неговата славна кариера. Во четвртфиналето на турнирот од категоријата ATП 500 во Ротердам, Швајцарецот го победи со 4:6, 6:1, 6:1 претставникот на домаќините Робин Хасе и го смени Рафаел Надал од врвот на светската АТП листа, откако на тој начин стана најстариот бр.1 во историјата на тенисот.

36-годишниот Федерер го подобри рекордот, кој досега му припаѓаше на Андре Агаси. Американецот беше рангиран на првото место во 2003 година, кога имаше 33 години.

Маестро од Базел веќе може да се пофали и со фактот дека е тенисер кој стапнал на врвот на ранглистата по најдолга пауза. Тој беше број 1 во рејтингот за последен пат во 2012 година, а неговото прво доаѓање на лидерската позиција беше пред 14 години.

Во полуфиналето, Федерер ќе се сретне со победникот од двојката Андреа Сепи – Данил Медведев.

Хасе имаше намера да го уништи празникот на својот ривал и го освои првиот сет, но во средината на натпреварот почувствува болки во половината, кои му попречија да биде рамноправен.

Слични содржини