Легенда на Барса преземе репрезентација на Аргентина

од Vladimir Zorba

Поранешниот фудбалер на Барселона и Ливерпул, Хавиер Маскерано во јануари ќе стане селектор на аргентинската репрезентација до 20 години, соопшти Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

За Маскерано (37) тоа ќе биде прва тренерска работа. Во текот на својата играчка кариера собра 147 настапи за аргентинската репрезентација и е втор играч на сите времиња по бројот на настапи за националниот тим. Само Лионел Меси одигра повеќе натпревари од него.

Освен за Барселона и Ливерпул, Маскерано, меѓу другите, играше и за Ривер Плата, Коринтијанс и Вест Хем, а играчката кариера ја заврши во ноември 2020 година во аргентинскиот Естудијантес, пренесе Хина.

Слични содржини