Легенда на Ф1: Само Хамилтон е на ниво на Сена

од Vladimir Zorba

Легендата на Формула 1, Герхард Бергер, е на мислење дека Луис Хамилтон е единствениот пилот што е на ниво на Аиртон Сена. Според него, Бразилецот е најголем во историјата на спортот. Иако Сена нема толку успеси во својата кариера како Шумахер и Хамилтон, скоро секој што се натпреварувал со него или бил сведок на неговите најславни денови сметаат дека тој е најголем.

„Од мојата кариера во мотоспортот, Хамилтон е единствениот на ниво на Аиртон Сена. За мене, тие се двајцата најдобри“, рече Бергер. „Нико Розберг му одзеде еден шампионат, но тој беше единствениот што го предизвика. Розберг си замина по оваа сезона, а Хамилтон остана. Сега тој е најсилниот пилот на стартната линија. Тој е непобедлив за сите. Ова е реалност, без разлика дали ви се допаѓа или не. За изминатите шест години, само Розберг успеа да го победи“, додаде тој.

Слични содржини