Легенда на Јунајтед: Марсијал не е доволно добар за клубот

од Vladimir Zorba

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го критикуваше напаѓачот на тимот Антони Марсијал. Нападот дојде откако Французинот синоќа пропушти шанса за гол на 1-0 за тимот од „Мастерсајд“ во дербито протв Ливерпул. Поранешниот играч на Монако ја испрати топката високо над голот.

„Големите напаѓачи треба да реализираат во важни моменти на натпреварите, но овој пропуст ја окарактеризира неговата кариера во клубот – одлична поставеност во нападот, но мора да ја затресеш мрежата. Без оправдувања. Големите напаѓачи, кои се помнат од навивачите, ја наоѓаат мрежата и бележат. Затоа овој човек (Марсејијал) не е доволно добар за Манчестер Јунајтед. Овој момент го окарактеризира“, изјави легендата на „црвените ѓаволи“.

Слични содржини