Легенда на Премиер лигата заминува во пензија

од Nikola Popovski

Англискиот судија Мајк Дин ќе се пензионира на крајот од актуелната сезона, пренесуваат медиумите од „Островот“.

Планот беше да се пензионира на крајот на минатата сезона, но бидејќи пандемијата на коронавирусот ги спречи навивачите да бидат на трибините, тој го одложи, сакајќи да го стори тоа пред навивачите.

По 535 натпревари и 22 сезони, Мајк Дин ќе закачи свирчето на клин и ќе му каже „збогум“ на професионалното судење на фудбалските натпревари. Тој е познат како една од легендите на овој спорт во Англија, има 53 години, а како што се шпекулира, би можел да застане на чело на судиската организација на ФА кога ќе заврши сезоната.

Во 535 натпревари досега, Мајк Дин покажал 114 црвени картони.

Слични содржини