Легенда на Звезда се најде на списокот на омилени великани на Марадона

од Stefanija Kuzmanovska

Диего Армандо Марадона своевремено го направил својот список на најголеми мајстори во фудбалот против кого и со кого играл – место доби и Роберт Просинечки.

Легендата на Црвена звезда, на југословенскиот и хрватскиот фудбал, зазеде посебно место на списокот на Марадона, кој беше објавен во март 2019 година со интересна графика.

На списокот се Роберто Баџо, Марко ван Бастен, Карлос Валдерама, Џорџ Хаџи, Христо Стоичков, Михаел Лаудруп, Ромарио, Пауло Футре, Руд Гулит, Енцо Шифо, Рикардо Бокини, Брајан Робсон, Хорхе „Магико“ Гонзалес, Енцо Франческоли, Марио Кемпес , Џанкарло Антониони, Теофило Кубиљас, Карл-Хајнц Румениге, Мишел Платини, Зико и Кевин Киган, но и Роберт Просинечки и Лотар Матеус.

Место на списокот доби и поранешниот тренер на Партизан, кој го одбележа Светското првенство во 1990 година во Италија.

Марадона потоа објави фотографија со коментар: Како може некој да каже дека немав големи ривали во мое време? Играв против овие мајстори, и многу други. Имам почит и големо сеќавање за сите нив.

Слични содржини