Легендарен фудбалер тврди дека Роналдо доаѓа во Рома

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо наскоро би можел да се врати во Италија, но не во Јувентус.

Според информациите кои ги објави Анџело ди Ливио, легендарниот фудбалер на „старата дама“, Португалецот е блиску до преселба во клубот каде што е поранешен италијански репрезентативец и ја започна својата кариера – Рома.

Имено, Ди Ливио при своето гостување во радиото „Рете Спорт“ потврди дека „волчицата“ навистина работи на доведување на првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

„Од она што го знам, Рома навистина се обидува да го донесе Роналдо“.

Потоа откри дека промоцијата треба да следи во првата недела од јули.

„Најверојатен датум е 7 јули кога ќе биде претставен Роналдо“.

Тоа не е чудно со оглед на тоа што на клупата на Рома е Жозе Мурињо, кој беше тренер на Роналдо во Реал Мадрид.

Слични содржини