Легендарен инвеститор предвидува огромен колапс на светската економија

од Vladimir Zorba

Легендарниот британски инвеститор Џереми Грантам предвидува огромен колапс на светската економија. Во интервју за „Блумберг“ тој предупреди дека светот мора да се подготви за забавување на економскиот раст, зголемена инфлација и сериозен недостиг на работна сила.

Според ко-основачот на Grantham, Mayo, Van Otterloo & Co, базирана во Бостон, кој претходно го предвиде крахот на „дотком“ балонот и светската економска криза, постои само ограничена количина на евтина нафта, евтин никел, евтин бакар,„ а ние почнуваме да се доближуваме до некои од овие граници“.

„Климатските промени се придружени со силни поплави, големи суши и пораст на температурите – ниту една од нив не го олеснува земјоделството“, рече тој. „Природата почнува да се „тресе“, вели познатиот инвеститор.

Грантам додаде дека во услови на недостиг на суровини, „бејби бумерите“ (родени помеѓу 1946 и 1964 година) се пензионирале, а стапката на наталитет паѓа.

Во исто време, геополитичките тензии ескалираат, а тоа се трендови кои се формираат со децении и повеќе не можат да се запрат. „Ќе бидат потребни децении за да се надоместат загубите“, додаде тој.

„Немојте да мислите дека можете да издржите 10, 20 или дури 30 години. Историјата вели дека многу од вас нема да можат да се справат со тоа“, рече Грантам.

Џереми Грантам (83) е еден од најпознатите и најпочитуваните светски инвеститори. Тој претходно успешно идентификуваше „балони“ на пазарот.

Сепак, некои аналитичари велат дека Грантам е премногу песимист за берзата. Во есента 2021 година, тој предвиде нова голема депресија за САД. Инвеститорот зборуваше за падот на главниот берзански индекс S&P 500 за речиси 50 отсто и увери дека ниту едно дејство на Федералните резерви не може да го спречи тоа.

Слични содржини