Легендарниот Џери Слоун почина на 78-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот тренер на НБА, Џери Слоун почина денес на 78-годишна возраст, објави клубот. Слоун, наводно, починал од компликации од Паркинсонова болест.


„Џери Слоун секогаш ќе биде синоним за Јута. Тој секогаш ќе биде дел од организацијата Јута џез и сочувствуваме со семејството, пријателите и фановите за неговото заминување. Благодарни сме за сè што постигна во Јута, децении посветеност, лојалност и упорност кои ги донесе на нашата франшиза“, се вели во изјавата на Јута.

Слоун помина 23 сезони (1988-2011) на клупата на Џез како главен тренер, ја водеше славната генерација со Карл Малоун и Џон Стоктон, а исто така беше избран во Домот на славните.

Тој на клупата на Јута оствари 1.223 победи, играше во плеј-офот 20 пати и учествуваше во две финалиња, во кои и двапати беше поразен од Чикаго Булс на Мајкл Џордан во 1997 и 1998 година.

Како играч, остави голем белег кај „биковите“, чиј дрес го носеше од 1966 до 1976 година, и беше два пати учесник во Ол-стар натпреварот.

Слични содржини