Легендарниот филм слави 30 години: Џулија Робертс го молела Ричард Гир да ја прифати улогата

Ричард Гир бил подготвен да ја одбие улогата, кога по телефон го побарала Џулија Робертс и му рекла: „Те молам, кажи да!“ Така настанала една од најгледаните романтични комедии, филмот Pretty Woman, кој својата премиера ја имал пред точно 30 години.

Актерот подоцна изјавил дека тоа воопшто не требало да биде комедија, туку мрачен филм за богаташ кој се заљубува во убавата проститутка. Сепак, првобитното сценарио не ѝ се допаднало на продукцијата.

Робертс во филмот носи ѓердан кој билл позајмен за филмот, а истиот бил вреден илјадници долари, па поради тоа на сетот ја следеле вооружени стражари.

Инаку, актерката во еден разговор за Гардијан, открила дека смета дека тој филм денеска не би ја постигнал ниту проближната слава, каква што ја постигнал во 1990 година.

– Мислам дека денешната политичка и културна клима тоа не би го одобрила. Не мислам дека денеска би можела да го снимам тој филм – изјавила Робертс.

Слични содржини