Легендарниот музичар ја откажа турнејата, се лекува од Паркинс

Британскиот пејач Ози Озборн, поранешниот фронтмен на хеви-метал бендот Блек Сабат, ја откажа целата северноамериканска турнеја за да оди во Швајцарија на лекување од Паркинсонова болест, пишува Planet Rock.

Турнејата „No More Tours 2“ во Северна Америка, била предвидена како продолжение на откажаните концерти минатата година. Иконата на метал музиката наместо тоа, времето ќе го искористи за лекување во Европа, по неодамнешната објава дека се бори против Паркинсоновата болест.

„Благодарен сум на сите за трпението, имав навистина лоша година. За жал, на лекување во Швајцарија одам во април, а ќе трае шест до осум недели. Не сакам сега да започнувам турнеја и потоа да откажувам концерти во последен час, не би било фер кон фановите. Подобро е сега да добијат повраток на парите бидејќи знам дека секој кој купил карта за сега, ќе купи и за нови датуми“, се вели во соопштението.

Слични содржини