Легендарниот Пеле веќе 6 дена е задржан во болница

од Nikola Popovski

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле веќе шест дена е во болница во Сао Паоло, каде ќе биде задржан додека не бидат извршени целосни прегледи, објави АФП.

Пред неколку дена, 80-годишниот Пеле објави на социјалните мрежи дека отишол во болница на рутински прегледи, што не можел да ги направи порано поради пандемијата на коронавирус. Меѓутоа, по неговото пристигнување, Пеле бил задржан во болница, но засега не е познато зошто тој бил хоспитализиран толку долго.

Некои бразилски медиуми неодамна објавија дека се појавиле „здравствени проблеми“ кои случајно биле откриени за време на прегледот, и дека треба да се напомене дека легендарниот Бразилец во последно време бил во кревка здравствена состојба, поради што честопати бил примен во болниците. Се чинеше дека најопасна е тешката инфекција на уринарниот тракт или депресија, за што објавија локалните медиуми.

Слични содржини