Лејди Гага доби неверојатен подарок од своето момче, ниту една жена нема да остане рамнодушна (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Лејди Гага го прослави 35-от роденден и се пофали со подарокот од своето момче, претприемачот и ИТ гениј Мајкл Полански, кој ѝ пристигна во Италија, каде го снима филмот House of Gucci.

„Кога дечко ти ќе ти ги испрати сите цвеќиња од Рим за твојот роденден. Те сакам душо. Едвај чекам да бидам дома со тебе и нашите кучиња, тоа е сè што ми треба“, напишала Гага покрај фотографијата на која гушка огромен букет рози на масата.

Фановите ѝ честитаа по таа објава и ѝ посакаа се најдобро, а некои од следбеничките ѝ порачаа да го чува своето момче бидејќи никогаш во животот не добиле толку многу цвеќиња.

Инаку, Гага и Мајкл се во врска од крајот на 2019 година и честопати се видени заедно во јавноста. Нивната врска се чини дека е многу сериозна, а во април минатата година, пејачката изјави дека тој е љубовта на нејзиниот живот.

Слични содржини