Лејди Гага го бомбардира Инстаграм со соопштенија за изборите во САД

од Vladimir Zorba

Поп-sвездата Лејди Гага, инаку позната како социјална и политичка активистка, ги „бомбардираше“ своите социјални мрежи со соопштенија за претстојните претседателски избори во САД во последните неколку дена. Таа ги замолува своите обожаватели да се пријават за да гласаат и да излезат на гласачките места за „заедно да го победат Трамп“.

Имено, поп-sвездата минатата недела објави видео во кое рече дека им се обраќа на обожавателите како Стефани Германота, како што гласи нејзиното вистинско име и дека апелира до сите млади луѓе да бидат „гласот на промената“ во американската демократија.

Таа изјави дека гласот на сите е важен, и дека сите треба да излезат на гласање.

Потоа објави уште неколку фотографии и кратки видеа во обид да ги „инспирира“ фановите да ја „сакаат демократијата“ и „да го користат нивниот глас“.

Таа исто така ги замолила своите фанови да ги „проверат луѓето околу нив“ и да ги охрабрат другите да одат на гласање.

„Ова е важен момент за Америка. Нашата демократија, нашите вредности и нашите права зависат од вашиот глас. Одете на избори “, рече Гага.

Лејди Гага е симпатизер на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Слични содржини