За време на својот концерт во Лас Вегас во саботата Лејди Гага била напаѓана од свои фанови со прашања каде е Бредли Купер и дали таа е виновна за растурањето на неговото семејство.

Тоа се случи неколку дена откако моделот Ирина Шејк го напушти заедничкиот семеен дом со актерот, за да можат, како што тврди Космополитан, да размислат добро врската, давајќи си време еден без друг.

Лејди Гага се соочи со навреди и довикувања на публиката. Пред да ја исполни песната “Shallow”, хит од филмот “Се роди ѕвезда”, за кој се тврди дека е јатка на раздорот меѓу Бредли и неговата сопруга, Гага се свртела кон публиката и рекла: “Знаете што – бидете достојни или ќе се изгубите себе си!“

Слични содржини