Лејди Гага објави нов спот снимен со iPhone 11 Pro (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Лејди Гага објави нова песна, „Stupid Love“, заедно со спотот за неа. Ова е нејзин прв проект по успехот со музиката за филмот „Ѕвездата е родена“.

Пред неколку недели нелегално беше објавена една од демо-верзиите на песната, а сега пејачката одлучи да ја реализира токму неа, заедно со новиот видеоспот, кој во целост е снимен со iPhone 11 Pro.

Новиот сингл на Лејди Гага е достапен на Apple Music и претставува најава за следниот албум на поп-ѕвездата кој најверојатно ќе биде насловен „Chromatica“. Тоа ќе биде шести студиски албум на Лејди Гага, а нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат по долгата музичка пауза.

Слични содржини