Лејкерси останаа без плејмејкер, се очекува ремонт на тимот

од Nikola Popovski

Лос Анџелес Лејкерс најверојатно ќе останат без плејмејкерот Ражон Рондо, кој ќе го засили Кливленд Кавалирс.

Според „The Atletic“, ова би можело да биде вистинско засилување за Кливленд кој во последно време се мачи со повреди. Клубот најтешко ја доживеа повредата на плејмејкерот Рики Рубио, за кого оваа сезона заврши.

Рондо не може да ја пронајде добрата форма оваа сезона, па на 18 натпревари забележа просечни 16 минути на теренот, со 3,1 поен и 3,7 асистенции.

Ниту популарните „Езерџии“ не ги оправдаа очекувањата, па се очекува да донесат засилувања во преостанатиот дел од сезоната.

Да потсетиме, новинарот Џон Холингер кој работи за „The Athletic“ неодамна во колумна напиша дека Богдан Богдановиќ би можел да биде вистинското засилување за тимот од Лос Анџелес.

Лејкерси моментално имаат рекорд од 17 победи и 19 порази и се на седмото место во Западната конференција.

Фото: Stacy Revere/Getty Images

Слични содржини