Лејкерси во агонија, ги понижува кој стигне (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаја целосен дебакл на домашен терен откако Њу Орлеанс Пеликанс ги совлада со 123:95.

Собирот на ѕвездите и легендите на НБА лигата така се покажа како целосно фијаско. „Виси“ за место во плеј-офот шампионот од пред две години, а ништо не смени ниту доаѓањето на Расел Вестбрук и Кармело Ентони кои им се приклучија на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Лејкерси победија само еднаш во последните шест натпревари и се на деветтото место во Западната конференција што води во плеј-инот, но со ова темпо би можеле и тоа да го загубат.

Тимот на Њу Орлеанс на почетокот на последната четвртина имаше дури 32 поени предност…

Слични содржини