Лекар истрчал 35 милји со маска на лицето за да ја побие теоријата на заговор

од Vladimir Zorba

Д-р Том Лотон од Јоркшир, Велика Британија, истрча вкупно 35 милји до работа и назад носејќи маска за лице – да докаже дека теориите на заговор за недостаток на кислород додека се носат маски за лице едноставно не се точни.

Тој го стори тоа за да им покаже на луѓето со респираторни проблеми, кои се плашат дека ќе имаат проблеми со дишењето заради маската, дека немаат причина да се грижат.

Лотон исто така измери дека нивото на кислород под маската никогаш не паѓа под 98 проценти.

– Има многу луѓе кои едноставно не сакаат да носат маска и ќе најдат изговор дека не треба, но луѓето што ме загрижуваат повеќе се оние кои имаат респираторни заболувања, кои би сакале да носат маска, но се исплашени затоа што има некои тврдења дека маската предизвикува хипоксија (состојба во која телото е лишено од кислород). Сум видел и некои извештаи дека луѓето паѓаат мртви додека носат маски, изјави тој за Њизвик.

Лекарот во својот експеримент користел пулсен оксиметар, инструмент што го мери нивото на кислород што го прима телото.

– Бидејќи сум здрав и фит, решив да трчам затоа што користам 10 пати повеќе кислород отколку само кога седам. Ако можам да покажам дека дури и тогаш нивото на кислород не падне, тогаш луѓето со респираторни проблеми ќе видат дека е безбедно да се носи маска – објасни тој.

Неговата главна цел е да се бори против теориите на заговор кои укажуваат на тоа дека маските се опасни затоа што можат да доведат до задушување.

– Очигледно, има луѓе кои не можат да носат маски поради една или друга причина, главно од психолошки причини или пост-трауматски стрес, но секој што може да го стори тоа навистина треба – нагласи тој.

Лекарот заклучи дека само со носење маска се заштитуваме едни од други од пренесување на вирусот.

Слични содржини