Лекар побарал соодветна медицинска заштита, па останал без својата работа

од Nikola Popovski

Д-р Минг Лин вели дека ова се рационални барања: поставување тријажи пред болницата, вршење увид во температурата на сите пациенти, посетители и персонал пред да влезат во болницата и да обезбедат здравствена заштита за работниците во одржување, така што тие нема да го пренесат коронавирусот дома.

Но, десет дена откако лекарот од брза помош ги побарал овие барања, пишувајќи ги јавно на својот Фејсбук профил, преку кои треба да им се помогне на болниците во справувањето со коронавирусот, тој бил отпуштен.

„Бев изненаден. Добив неколку предупредувања, а потоа и се случи: Десет дена подоцна бев отпуштен“, вели Лин, кој 17 години работел во медицинскиот центар „Џозеф“, болница во Белингам, Вашингтон.

На Ал Џезира и рекол дека имал потреба да се обрати преку социјалните медиуми затоа што е загрижен и сакал само да ги заштити своите колеги и пациенти од КОВИД-19.

Без одговор од болницата

„Давателите на здравствени услуги и здравствените работници честопати се многу тивки“, рече тој.

„Ние, како даватели на здравствени услуги, даваме заклетва дека нема да повредиме никого, а тоа значи и секоја небрежност што може да го загрози здравјето на пациентите. Ако кажеме нешто, можеме да бидеме опоменати и отпуштени“, додаде Лин.

До моментот кога овој текст беше објавен, болницата не одговорила на барањето на Ал Џезира за коментар.

TeamHealth, кој има договор да обезбедува работници во болницата, во своето известување вели дека Лин не бил отпуштен од TeamHealth и дека групата е „посветена на ангажман со Лин, за да се направи позитивен чекор напред“.

Слични содржини