Лекарската комора ќе испитува тројца лекари-антиваксери

од Nikola Popovski

Лекарската комора ќе истражува три пријави кои се поднесени против лекари за антиваксерска кампања. Од Комората информират дека пријавите за тројцата лекари ќе бидат разгледани штом бидат дополнети. Засега, велат, нема пријави за лекари за директно одвраќање на пациент од намера да се вакцинира.

„Имаме за тројца доктори за објава на фејсбук-статуси. Затоа и ги повикавме стручните здруженија да се ангажраат повеќе, да дадат аргументи затоа што ова е ситуација на непознаници, за нова вакцина, нова област, се работи за многу починати и заболени“, изјави претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева-Стадрелова.

Од комората ги повикаа сите лекари да се вакцинираат и да бидат пример заграѓаните за што поскоро да  излеземе од пандемијата. Исто така лекарите да бидат поблиску до пациентите во споделување на прецизни информации околу вирусот за да можат истите на време да побараат лекарска помош за да се намали смртноста.

Укажувањето на Лекарската комора за непостоење на национални протоколи д-р Гривчева – Старделова вели дека се однесува само на протоколите за вакцинација, а не и за лекување на пациенти од Ковид-19.

Сепак и во делот на протоколите за лекувањето се подготвуваат измени. Од Лекарската комора велат дека измените се поради следење на насоките кои ги дава СЗО и оти не се поврзани со високата смртност на хоспитализирани пацинети со коронавирус во земјава.

Слични содржини