Лекот „Ивермектин“ достапен во аптеките, ќе се издава само со рецепт

од Берта Китинска

Од денеска Ивермектин легално ќе се продава во аптеките во Македонија. Лекот ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен или специјалист.

Од МАЛМЕД апелираа до граѓаните да не се нафаќаат на лекување на своја рака и да не прават залихи дома.

-Студиите покажаа дека Ивермектинот се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, кои имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар, изјави министерот за здравство, Венко Филипче минатата недела.

Пулмологот, Докиќ вели дека лекот делува и во подоцнежниот развој на коронавирусот

-Тој може да се употреби превентивно на пример за лицата кои се дирекно изложен со заразата здравствените рабоници, војниците дозата е  0,2 милиграми на килограм телесна тежина еднаш неделно, второ сценарио ако имате контакт со заразено лице лекот се зима 0,2 милиграми на килограм телесна тежина на секои 72 часа. И кога ќе се заразите тој делува и во подоцнежниот развој на болеста и се зима едно по друго како дозата што ја напоменав, вели Докиќ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970.

Слични содржини