Лекот кој дава надеж во борбата против ковид, пристигнува во Македонија

од Берта Китинска

„Ивермектин“ е лекот во  кој многумина гледаат спас од епдемијата која забразно се рашири.

Лекот е познат од поодамна и се користи за паразитски заболувања.Дел од нашите граѓани  ивермектинот го набавуваа од соседните земји, но наскоро истиот ќе биде достапен и во нашите аптеки.

„Кај ризични групи на работници кои имаат висок ризик да заболат, луѓе кои биле во контакт со потврден заболен контакт и, нормално, кај луѓе кои што се заболени. Кај трите групи на граѓани односно на пациенти има различна индикација и различно дозирање, затоа е битно давањето на лекот да биде под контрола на лекар. Јас верувам дека во следните две недели ќе биде достапен во нашата земја“, изјави деновиве министерот за здравство Венко Филипче.

Истражувања со позитивни резултати

Според микробиолог Никола Пановски, лекот „Инвермектин“ кој досега се користел во ветеринарната служба, најдобро е да стигне со упатство за лекување на ковид.

„Некој граѓани го употребуваа и во таа форма, но повеќето го нарачуваат и носеа во Грција во пакувања кое е наменето за паразитски болести. Очекувам формата која ќе се донесе кај нас да биде со упатство за лекување на ковид и да биде најмалку со по 6 таблети по 10 милиграма за да може со едно пакување да се направи терапија за човек со поголема телесна тежина. Тој единствен лек кој дава позитивни резултати во сите форми од болеста. Треба да видиме како тој ќе се издава кај нас дали ќе оди преку матичен лекар“, изјави деновиве Пановски за ТВ 24.

Пулмологот, Докиќ вели дека лекот делува и во подоцнежниот развој на коронавирусот

.Во моменот имама  11 илјади студи каде резултатот вели дека оние кои го користат и се позитивни за кратко време добиваат негативен тест, се скратува престојот во болница, се намалува и стапката на смртност, вели за вестите на Сител доктор Деајн Докиќ, директор на Пулмологија и координатор на ковид-центрите

Во однос во кои случаи може лекот да се користи докторот вели дека тој може да се употреби во три сценарија.

-Тој може да се употреби превентивно на пример за лицата кои се дирекно изложен со заразата здравствените рабоници, војниците дозата е  0,2 милиграми на килограм телесна тежина еднаш неделно, второ сценарио ако имате контакт со заразено лице лекот се зима 0,2 милиграми на килограм телесна тежина на секои 72 часа. И кога ќе се заразите тој делува и во подоцнежниот развој на болеста и се зима едно по друго како дозата што ја напоменав, вели Докиќ.

За тоа дали ќе има конторла за тоа на кој начин ќе може да се зима лекот, докторот вели дека лекот ќе се издава на рецепта.

-Секако дека ќе има контрола бидејќи овој лек се заема на рецепт.Матичните лекари се оние кои доаѓаат во контакт и може да им препишат на пациентите ваков лек. Овој лек е поефтин за разлика од останатите лекови, вели Докиќ.

 

Слични содржини