Лекот кој најчесто се користи за лекување на ХИВ нема ефект во лечењето на корона

од Vladimir Zorba

Британските научници објавија денес дека антивирусниот лек кој најчесто се користи за лекување на лица со ХИВ нема позитивни ефекти врз пациентите хоспитализирани за коронавирус во големо истражување.

Истражувачите кои ја започнаа студијата на Универзитетот во Оксфорд, изјавија дека резултатите убедливо ја исклучуваат секоја значајна корист на „лопинавир-ритонавир“ кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19 што ги проучувале.

Сепак, тие забележаа дека поради тешкотијата при давање на лекот на пациенти на респиратори, тие не можат да извлечат заклучоци за нивната ефикасност кај такви пациенти.

Слични содржини