ЛЕКОТ против Алцхајмерова болест предизвика ВОЈНА: Три оставки во Советодавниот одбор

од Stefanija Kuzmanovska

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) објави документи кои ја откриваат борбата во рамките на Агенцијата, во пресрет на нејзината контроверзна одлука за одобрување на лекот против Алцхајмерова болест.

Документите откриваат несогласувања во рамките на агенцијата, така што некои оддели го поддржаа традиционалното одобрување, додека други беа против. Конечно, по неколкумесечни внатрешни дискусии, претставниците на Агенцијата го одобрија лекот користејќи брз пат за одобрување, што бара истражување за да се потврди дека лекот делува како што е предвидено.

Одобрувањето, објавено на 7 јуни, наиде на жестоко спротивставување од некои научници, кои ја критикуваа одлуката на ФДА, кулминирајќи со јавни оставки на тројца од 11 члена на нејзиниот независен советодавен одбор.

Еден од членовите, Арон Кеселхајм, напишал во својата оставка дека тоа е најлошата одлука за одобрување на лек во поновата историја на САД.

Слични содржини