Лекција од Камерон Дијаз: Како да отворите шампањ без напор

од Stefanija Kuzmanovska

Иако се откажа од глумата, црвениот тепих и раскошните забави и го остави зад себе светот на Холивуд, Камерон Дијаз е многу активна на социјалните мрежи, каде што нејзините најверни фанови можат да ја следат во секојдневните авантури. Актерката често се појавува преку нејзиниот официјален профил на Инстаграм, на кој претходно не беше толку активна. Во едно такво појавување, таа го покажа својот „скриен талент“.

Имено, таа се сврте кон својот нов бизнис во последните месеци, кога со пријателка отвори винарија. Затоа сега го промовира своето вино секогаш кога е можно – преку кулинарски репортажи од нејзиниот дом или преку познати и богати пријатели.

Овој пат, Дијаз покажа што друго научила во овој нов деловен потфат. Откри како да се отвори шише шампањ, користејќи само остар кујнски нож, кој помага при оваа задача.

„Секогаш е добро да се знае мал трик за забави, дури и ако не е време за журки и забави“, напиша таа покрај видеото што го објави на Инстаграм.

Слични содржини