Лененото семе помага во слабеењето, но само ако го јадете на овој начин

од Elena Daskalova

Лененото семе е евтин производ достапен во сите маркети, кој во исто време е и многу хранлив и помага при одредени заболувања, но и за слабеење.

Тие се богати со оптимална количина на витамини и минерали, помагаат во прочистување на цревата, ги отстрануваат насобраните отрови и го забрзуваат метаболизмот. Нивните активни хранливи состојки помагаат во подобрување на изгледот на кожата и косата.

Но, сепак не е доволно само да ги консумирате, бидејќи е важно и кога и како го правите тоа. Најдобро е да ги јадете мелени, наутро на гладно, најмногу две полни лажички, измешани со кефир или со топла вода, во која отстојале околу 5-10 минути.

Во текот на денот, додавајте ги во супа или во салатите. Сепак, нивниот ефект е најсилен наутро.

loading...

Слични содржини