Lenovo го претстави првиот флексибилен лаптоп во светот (ВИДЕО)

од Vlatko K

Lenovo е еден од водечките производители на лаптопи и компјутери, кој пројавува интерес кон
актуелниот тренд во индустријата во текот на годината, имено флексибилните дисплеи.

Компанијата одржи специјален настан во Њујорк, на кој го покажа првиот уред од популарниот
бренд ThinkPad со овој дизајн. Lenovo исто така потврдија дека официјалната премиера ќе стане
факт во 2020 година, што значи дека ќе имаат доволно време за да го средат финалниот дизајн на
атрактивниот модел.

Mного е веројатно да дознаеме повеќе детали за техничките спецификации на флексибилниот
лаптоп на следното издание на CES саемот, што ќе се одржи во јануари. Треба да се истакне дека
актуелниот прототип е опремен со 13,3-инчен дисплеј со OLED технологија кој поддржува 2K
резолуција при сооднос на екранот од 4:3, соопштува „mspoweruser“.

Уредот работи со Windows 10 и ќе се напојува од моќен процесор на Intel од новата генерација и ќе
гарантира цел ден со едно полнење, дури и при активна работа.

Компанијата ветува дека уредот ќе има поиздржлив корпус отколку традиционалните лаптопи.
Самиот модел ќе биде оптимизиран за Wacom пенкалата и ќе се продава со Bluetooth тастатура.
Посебен механизам во средината ви овозможува да го преклопите екранот на два дела или да го
претворите во огромна интерактивна површина.

Во секој случај, можеме да кажеме дека концептот на Lenovo е привлечен и ќе им се допадне на
многу потрошувачи. Допрва треба да дознаеме повеќе за новиот претставник на серијата ThinkPad.

Слични содржини