Актуелно
Почетна / Магазин / Наука и технологии / Lenovo ќе го „сруши“ AnTuTu со новиот гејминг смартфон

Lenovo ќе го „сруши“ AnTuTu со новиот гејминг смартфон

Веќе некое време се слушаа гласини дека Lenovo има намера да се придружи на занимливата ниша на гејминг смартфони, а сега нов тизер открива дека можеби сме близу до премиерата. Во серијата објавувања на социјалната мрежа „Веибо“, Lenovo се пофали дека новиот телефон ќе достигне над 600.000 поени во AnTuTu, што ќе биде нов рекорд.

Поради мотото „Game On“ што ја придружува објавата, сметаме дека станува збор само за смартфон за игри, а не за стандарден предводник. Очекуваме многу повеќе додатоци во однос на хардверот, така што телефонот ќе работи добро под оптоварување, што, исто така, ќе резултира со висок резултат на AnTuTu. Lenovo потврди дека уредот ќе работи со најновиот чипсет Snapdragon 865 со 5G модем.

Прелиминарните очекувања се дека телефонот ќе дојде со името Lenovo Legion, кој ќе го прошири своето присуство во гејмерската ниша на паметните телефони, слични на Asus и Xiaomi.

loading...