Lenovo Z6 Pro ќе биде претставен на MWC 2019

од Vlatko K

Водечките производители се подготвуваат за започнувањето на мобилниот конгрес во Барселона.
Настанот ќе нè запознае со најновите технолошки иновации и ќе се одржи од 25 до 28 февруари.
Сега дознаваме дека Lenovo, исто така, планира активно да учествува во MWC 2019, каде планира
да промовира нов Android паметен телефон. Информациите се од потпретседателот Чанг Ченг, кој
открива дека на мобилниот конгрес ќе го видиме Lenovo Z6 Pro.

Тој, исто така, објави и постер во социјалната мрежа Weibо, која ги потврдува плановите на
компанијата за MWC 2019, пренесе GizmoChina. Техничките спецификации на Lenovo Z6 Pro не се
познати, но можеме да очекуваме дизајн „без рамки“, како и сензор за отпечатоци што е вграден во
самиот екран. Постои силна веројатност дека новиот паметен телефон ќе го задржи „слајдер“
дизајнот на својот претходник, но исто така ќе биде придвижуван од помоќен процесор со повеќе
RAM меморија.

Едно од големите прашања поврзани со премиерата на Lenovo Z6 Pro е дали ќе работи со 7-
нанометарскиот Qualcomm Snapdragon 855 процесор. Сигурно RAM меморијата ќе биде најмалку
6GB, но исто така ќе има 8GB верзии на располагање. Паметниот телефон ќе работи под Android Pie
и ќе биде интересно да дознаеме кои функции ќе ги нудат вградените камери. Настанот започнува
за неколку дена и наскоро ќе дознаеме повеќе за подобрувањата на Lenovo Z6 Pro.

Слични содржини