Леонардо убеден дека Мбапе ќе го продолжи договорот со ПСЖ

од Vladimir Zorba

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо е уверен дека Килијан Мбапе (22) ќе го продолжи договорот со клубот на крајот од сезоната.

„Не гледам зошто Мбапе би заминал на крајот на сезоната. Никој во клубот не размислува за иднина без него. Врската помеѓу него и клубот е длабока“, рече Леонардо.

Мбапе пристигна во ПСЖ летото 2018 година од Монако во трансфер вреден 145 милиони евра. Неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни следната година.

Ова лето Реал Мадрид се обиде да го доведе Мбапе, но ПСЖ ја одби нивната понуда.

„Не сме задоволни од однесувањето на Реал Мадрид. Бевме многу јасни за нивната понуда, таа беше помала отколку што плативме за Мбапе. А што се однесува до последната понуда на Реал, таа никогаш не пристигна во клубот“, изјави Леонардо.

Слични содржини