Лепа Брена приреди прослава во изолација: Виктор слави роденден

Иако е во изолација, Лепа Брена подготви прослава во кругот на семејството. Нејзиниот син Виктор Живојиновиќ денеска наполни 22 години.

На прославата се придружи и нејзиниот сопруј, таткото на Виктори, Боба. Со оглед дека владее пандемијата, сите носеле заштитни маски на лицето. Се почестија со шампањ, а Брена за синот и запеа и му подготви торта.

На својот Инстаграм профил објави видео, но и ги насмеа фановите. Тие, пак, под видеото му посакаа среќен роденден на Виктор, како и желби за добро здравје.

View this post on Instagram

Sretan rodjendan🎈💝🎊🎉

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Брена изолацијата ја користи за себе, своето семејство и средување на куќата.

– Слободното време најверојатно го минувам како и сите домакинки во светот. Се посветив на себе, своето семејство и домаќинството. Ќе ги средам сите делови на куќата како и дворот. Притоа, не ги заборавам физичките активности – рекла пејачката неодамна за спрските медиуми.

Меѓутоа, најмногу се радува што ќе мине повеќе време со синовите, Виктор и Стефан, на кои им забранила излегување за време на пандемијата.

Слични содржини