Лепа Брена за киднапирањето на синот: Не повреди на сите нивоа

Фахрета Живојиновиќ(59), една од најпознатите пејачки во регионот, позната како Лепа Брена, следниот месец слави 28 години од бракот со својот сопруг Слободан Живојиновиќ(56).

– Имавме судбинска љубов и поминавме низ прекрасни денови, но и тешко моменти. Тешките моменти беа предизвик: повредата на ‘рбетот на Бобо, мојата повреда на колената, потоа киднапирањето на Стефан кое навистина не поремети на сите нивоа, бидејќи секој сака да си ја сочува фамилијата. Таа случка ја повреди нашата чест, но ние успевме да ја надживееме таа драма – раскажала пејачката за српските медиуми.

Од киднапирањето на нејзиниот син Стефан(27) поминаа 19 години. Киднаперите никогаш не беа откриени, а тој не сака да зборува за тоа.

– Стефан не сака во медиумите да се спомнува како жртва, но како мајка можам да кажам дека ќе помогнам, дека ќе се здружам со жените кои се борат за истата работа – изјавила Лепа Брена.

Денеска е горда што децата пораснале во фамилија која се сака и се почитува, а љубовта меѓу неа и Бобо, секој ден добивала различна сила .

– Имаме однос полн со љубов, почит, грижа еден за друг. Пријателството кое го градат брачните парови е најважен однос кои двајца можат да го изградат – додала Брена.

Таа рекла дека таа и нејзиниот сопруг секогаш работат, а кога се лути или бесни, секогаш разговараат за тоа и ги решаваат проблемите.

– Бобо е мажот од моите соништа, човек кој успеал да ги реализира моите желби. Ме изненадува со работи кои не се однесуваат на луксузот. Не сум личност на која таквите работи и се потребни. Јас сум комплицирана жена и од мажот барам многу повеќе од поклони кои може да ми ги даде. Ми треба прегратка, разбирање, топол дом, место каде што ќе можеме ние двајца да уживаме, разговараме. Бобо успеал да ги препознае моите емоции и да биде мој маж кога ми треба – заклучила пејачката.

Слични содржини